Изградба на 110 киловолтен далновод

Bez autora
Feb 22 2011

За седум месеци во Битола ќе биде изграден 110- киловолтен далновод во вредност од 3, 5 милиони евра, со што, целосно ќе биде заокружен преносниот систем во битолскиот регион кој е најголем производител на електрична енергија во Македонија. Двосистемскиот далновод во должина од 12 километри, на една од делниците ќе биде поставен под земја, а ќе овозможи целосно поврзување на најголемите трафостаници во овој електроенергетски сектор. За таа цел, денеска во Битола МЕПСО склучи договор со конзорциумот на изведувачи „Електромонтажа’ и „Електроисток“ од Белград. Се поврзуваат трите најголеми станици во овој регион, Битола - 3, Битола - 4 и Битола - 2 во еден прстен.

Изградба на 110 киловолтен далноводЗа седум месеци во Битола ќе биде изграден 110- киловолтен далновод во вредност од 3, 5 милиони евра, со што, целосно ќе биде заокружен преносниот систем во битолскиот регион кој е најголем производител на електрична енергија во Македонија.

Двосистемскиот далновод во должина од 12 километри, на една од делниците ќе биде поставен под земја, а ќе овозможи целосно поврзување на најголемите трафостаници во овој електроенергетски сектор. За таа цел, денеска во Битола МЕПСО склучи договор со конзорциумот на изведувачи „Електромонтажа’ и „Електроисток“ од Белград.

"Се поврзуваат трите најголеми станици во овој регион, Битола - 3, Битола - 4 и Битола - 2 во еден прстен".

„Со тоа, се овозможува целосно, доверливо и стабилно напојување со електрична енергија, во целост се подобруваат напонските прилики и се намалуваат струјните оптоварувања“, рече Никола Битрак, проект - менаџер на МЕПСО.

За исполнување на планираните рокови за изведба на далноводот, од МЕПСО очекуваат ефикасно спроведување на експропријацијата и соработка со граѓаните, а инвестицијата е поддржана од Светска банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik